Од него тргна низата заразени тенисери на турнирот на Ѓоковиќ, сега опишува какво било чувството да се има корона-вирус

Финалето на турнирот во Задар не се одигра откако само половина час пред стартот беше откриено дека Григор Димитров бил заразен со корона-вирусот. Бугарскиот тенисер беше дел од турнирот, но откако почувствува симптоми, си замина од Хрватска и се тестираше во Монте Карло.

По Димитров, започна и масовно тестирање на сите тенисери кои беа дел од турнирите, па тогаш беше откриено дека е заразен и Новак Ѓоковиќ. Димитров вели дека воопшто не било лесно да се победи опасниот вирус.

„Не се чувствував добро, имав проблеми со дишењето. Бев уморен, го загубив чувството за мирис и вкус. Мислам дека ги имав сите симптоми кои може да ги замислите. Воопшто не беше убаво чувството“, раскажува Димитров, кој додава дека уште ги чувствува последиците и не е подготвен да се врати на теренот.

„Не сум подготвен да се вратам на натпреварите од највисок ранг. Уште не сум целосно закрепнат. Тешко го поминав ова. Бев еден месец дома, повеќе од 5.000 часа ги поминав сам во изолација. Тоа беше и ментална борба, многу работи ми поминаа низ глава. И сега не знам каков ќе ми биде следниот ден. Еден ден се чувствувам сјајно, а следниот сум преморен и само спијам. Мора многу да се внимава затоа што вирусот е опасен“, заклучува бугарскиот тенисер.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести