Од неговите слободни удари се тресе Премиерлигата, денеска пак даде велемајсторски гол (Видео)

Слободните удари на Џејмс Вард-Прауз станаа заштитен знак за Премиерлигата сезонава, а репрезентативецот на Англија е вистински велемајстор за прекини.

И денеска маестрално го надмудри живиот ѕид на Лидс и постигна прекрасен гол за Саутемптон во 49. минута за реми 1:1 на „Еланд роуд“.

Лидс водеше со 1:0 со голот на Харисон во првото полувреме, но и кога не му оди на Саутемптон, тука е Вард-Прауз и со голови им носи бодови на Светците.

Leeds United 1 – (1) Southampton – James Ward-Prowse Freekick 48′ from soccer

Иако е играч од средниот ред Вард-Прауз е најдобар стрелец на Саутемптон со 7 гола, колку што има и напаѓачот Че Адамс.

 

- Оглас -

Најнови вести