Од однесувањето на фудбалерите на теренот и надвор од него, ќе зависи дали ќе заврши сезоната

Фудбалерите ќе мора строго да се придржуваат на новите правила и да бидат дисциплинирани на теренот и надвор од него, за да бидат сигурни дека ќе се комплетира прекинатата сезона. Шефот на медицинската комисија на УЕФА, Тим Мејер, кој е и претседател на штабот за борба против Коронавирусот во Германија, вели дека мора да се следат препораките.

„Фудбалот треба да се врати во општеството, тој е жртва поради Коронавирусот. Сите играчи заедно максимално треба да се фокусираат, да бидат дисциплинирани и да ги следат препораките. Фудбалерите треба да бидат одговорни и да се пазат од вирусот. Тие се јавни личности и мора да покажат правилно однесување на теренот и надвор од него. Секако дека постои ризик, бидејќи нема како максимално да се заштитиме. Тоа е невозможно, но со дисциплинирано однесување треба сите да допринесат за безбедно завршување на сезоната“, вели Мејер.

Германското првенство е прво од Топ 5 што треба да продолжи. Мечевите од Бундеслигата треба да продолжат на 16 овој месец.

- Оглас -

Најнови вести