Од понеделник започнува продажбата на билети за натпреварот Македонија – Украина

Во понеделник, 5 јуни, ќе започне продажбата на билети за натпреварот на Македонија – Украина (16 јуни, 20:45) на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје од квалификациите за ЕП 2024.

Цената на влезница за натпреварот изнесува од 300 и 400 денари.

Продажбата на билети за натпреварот Македонија – Украина ќе се организира исклучиво преку продажната мрежа на MKTickets со физичко присуство на купувачите.

Едно лице може да купи најмногу четири (4) билети. Задолжителна е влезница за натпреварот и за деца, без оглед на нивната возраст.

МАКЕДОНИЈА – УКРАИНА (Национална арена „Тодор Проески“, 16 Јуни, 20:45 часот)

Цени на билети:

Северна Трибина

Блок 13, 14, 18, 19, 20, 21, 23 и 24      300 денари

Јужна Трибина

Блок 1, 2, 5 и 6                                     300 денари

Блок 3 и 4                                             400 денари

Билетарата на Националната арена „Тодор Проески“ ќе биде отворена на 14, 15 јуни и на денот на натпреварот, 16 јуни од 10:00 часот.

Ги повикуваме сите љубители на фудбалот и поддржувачи на македонската репрезентација со фер и коректно навивање да им помогнат на Рисовите да дојдат до многу важна победа од квалификациите за Европското првенство 2024.

- Оглас -

Најнови вести