Од ПСЖ подготвија посебно изненадување за гостите од Турција, но на теренот нема простување

Пари Сен Жермен и Башакшехир го продолжија мечот кој започна синоќа, но беше прекинат поради расистичкиот испад на еден од судиите. Навреден беше помошник-тренерот на Башакшехир, па од турскиот тим не сакаа да продолжат синоќа да играат.

Денеска мечот продолжи, а на теренот има други судии. Од ПСЖ покажаа солидарност откако синоќа заедно се повлекоа од теренот, а денеска францускиот првак потврди дека се бори против расизмот. На трибините на стадионот се појавија големи транспаренти на кои пишува „Не за расизмот“, а од страните се амблемите на двата клуба.

Од спортскиот аспект, само неколку минути откако продолжи дуелот, Пари Сен Жермен поведе со 1:0 против турскиот ривал.

- Оглас -

Најнови вести