Од Радник Сурдулица, за милионски трансфер право во шпанската прва лига

Српскиот напаѓач Игор Златановиќ го комплетираше трансферот од Радник Сурдулица во Мајорка, која е повратник во шпанската прва лига. Овој трансфер одекна како бомба во нашето соседство, особено што се шпекулира дека клубот од Сурдулица ќе заработи од 800 илјади до еден милион евра.

Но, на интернет, на „Трансфермаркет“ може да се најде податок и дека обесштетувањето е дури 1,3 милиони евра. Договорот на Златановиќ со Мајорка е на четири години. Тој во минатата сезона во српската лига даде 16 гола, а имаше и осум асистенции. Оваа сезона на два меча има по еден гол и асистенција.

- Оглас -

Најнови вести