Од сите дерби во Европа, најголемиот дебакл се случи во Русија

Зенит немаше милост и убедливо со 7:1 го победи Спартак Москва во мечот кој требаше да биде дерби од 12-тото коло на руското првенство. Ова е историски меч за двата клуба. За Зенит ова е најголема победа во дуелите со Спартак Москва, а тимот од главниот град на Русија го претрпе најтешкиот пораз во клупската историја.

https://twitter.com/i/status/1452360065713938437

Никогаш претходно, дури и во времето на СССР, Спартак немал примено седум погодоци на еден меч, а тоа се случи денеска, на гостувањето во Санкт Петербург. Најголемиот пораз досега на Спартак беше 6:1 од ЦСКА Москва во далечната 1984 година.

 

https://twitter.com/i/status/1452335646216007683

- Оглас -

Најнови вести