Од следната сезона се менува системот на бодување во Формула 1

Раководството на Формула 1 одлучи од следната сезона да има нов начин на бодување. Од 2025 година бодови ќе добиваат најдобрите 12 возачи на трките, што значи дека повеќе од половината од 20-те возачи ќе освојат поени. Победникот и понатаму ќе освојува 25 поени, вториот 18, третиот 15, четвртиот 12 и петтиот 10 поени.

Промени има во вториот дел од рангирањето. Шестопласираниот ќе добива осум поени, седмиот шест бода и така секој нареден до 12-тото место по бод помалку. И понатаму ќе важи правилото дека возачот со најбрз круг ќе добие еден дополнителен поен, а бодувањето останува исто и за спринт трките, каде што првиот добива осум поени, а осмиот само бод.

Во моментов сè уште се размислува да се воведат бодови и за квалификациите, и тоа за најдобрите тројца возачи кои би добивале по три, два, односно еден бод.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести