Од собирач на шишиња, до капитен на Манчестер јунајтед

Антонио Валенсија е играчот кој летово си замина од Манчестер јунајтед. Еквадорецот помина 10 години на „Олд Трафорд“ и остави значаен печат во оваа деценија. Со своите игри, дури се здоби со довербата да биде и капитен на најтрофејниот англиски клуб. Искусниот 33-годишен играч Сега го носи дресот на ЛДУ Кито во Еквадор.

Долг и мачен бил патот на Валенсија за да стигне до нивото на врвен фудбалер. Тој е еден од многумината кои како ситомашни деца сонувале да станат фудбалери. Како мало дете, Антонио бил приморан да собира сташи шишиња на улиците во градот каде што живеел. Заедно со своите двајца браќа и нивниот татко, собраните шишиња потоа ги продавале за да заработат пари за живот.

Иако било многу тешко време за семејството Валенсија, Антонио не се откажал од сонот да биде фудбалер. Дури на 11 години ја добил првата шанса да го покаже својот талент. Го пронашол Педро Перлаза, кој го здогледал како игра со поголеми деца на терен полн со прашина. Го поканил да дојде во локалниот тим, а потоа почнува периодот во кој Антонио покажува дека е навистина одличен играч.

Како 14-годишно дете играл со 18-годишни фудбалери, но воопшто не заостанувал. Две години подоцна ја добил првата понуда, да потпише со Ел Насионал. Кога заминал во главниот град на Еквадор, морал да се крие од својот татко, бидејќи тој не му дозволувал да замине. Сепак, со помош на мајка му и браќата, собрал пари за да купи карта за автобус и заминал во Ел Насионал.

„Не му кажав на татко ми, бидејќи знаев дека нема да ме пушти да одам. Тоа беше мојот прв голем предизвик. Бев нервозен бидејќи не знаев каде ќе спијам и што ќе јадам. Сепак, ако имаш сон и сакаш да го оствариш, не се грижиш многу за такви работи. Едноставно не се плашиш од ништо“, вели Валенсија.

Првата плата која ја има добиено во Ел Насионал е 60 долари месечно.

„Кога дојдов во Насионал, ми дадоа бели копачки „Адидас“. Тоа беше неверојатно. Пред тоа немав никакви копачки“, се присетува Валенсија.

Од Насионал, Антонио замина во Европа, во тимот на Вилјареал, а потоа е даден на позајмица во Виган, а на крајот да стигне и до Манчестер јунајтед, каде успеа да остане цели 10 години. Сега, повторно е назад во родната земја и ќе игра за ЛДУ Кито.

Приказната на Антонио Валенсија треба да биде инспирација за многу млади деца да не се откажуваат од својот сон.

- Оглас -

Најнови вести