Од утре подгответе се за уште една Бундеслига, оваа е Типико и е опасно возбудлива

Фудбалските вљубеници се подготвуваат за старт на уште една Бундеслига, а од утре продолжува австриската, откако Германците веќе играат од 16 мај.

Австриската има и додавка, Типико Бундеслига, а ќе биде исклучително возбудлива, особено по казната за ЛАСК. Клубот од Линц требаше од утре да тргне како лидер во плејофот со 27 бода, три повеќе од актуелниот првак Салцбург, но беше казнет во паузата поради пандемијата со корона-вирусот.

„Црно-белите“ направија грешка, тренираа групно во услови кога не беше дозволено според строгите протоколи, а фотографиите од заедничкиот тренинг на играчите на ЛАСК доведоа до одлука на Федерацијата да ги казни со шест бода.

И сега наместо како лидери да бијат битка за втората титула во клупската историја, ќе тргнат како второпласирани со 21 бод, три помалку од Салцбург.

Во плејофот ќе играат и Рапид со 20 бода, Волфсбергер со 19, Штурм со 16 и Хартберг, кој е последен во плејофот со 14 бода.

Истовремено ќе почнат и мечевите во плејаутот, исто така со шест екипи.

 

- Оглас -

Најнови вести