Oд вчера Челзи е втор тим со најмногу победи во Премиер лигата

До денес попладне Челзи ќе биде лидер во Премиер лигата со еден бод повеќе од Тотенхем и Ливерпул, но вчерашниот триумф од 3-1 над Лидс значеше нешто повеќе за Сините.

Имено, тимот од „Стемфорд бриџ“ е втор по бројот на победи откако се игра Премиер лигата, поточно од сезоната 1992/93. Челзи сега има остварено 584 победи, една повеќе од Арсенал, додека убедлив лидер во оваа категорија е Манчестер јунајтед со 672 победи.

Арсенал уште денес има шанса повторно да се изедначи со Челзи, меѓутоа екипата на Артета ќе мора да го добие градското дерби на гости кај Тотенхем.

Инаку, четвртиот тим со најмногу победи е шампионот Ливерпул (576), кој пак вечерва ќе ги одмери силите со Вулверхемптон.

- Оглас -

Најнови вести