Од здравјето на Нејмар ќе зависи дали ПСЖ може да се реваншира за шокот од 2017 година

Барселона од 2006 година наваму секогаш го минува осминафиналето, Ливерпул во 2007 беше последниот тим кој ги елиминираше Каталонците во оваа фаза од Лигата на шампионите, но годинава Лионел Меси и другарите ќе бидат ставени на сериозен тест, треба да се соочат со европскиот вицепрвак Пари Сен Жермен.

Прва ѕвезда во скапиот париски тим е Нејмар, Бразилецот кој во 2017 година токму од Барса премина во ПСЖ. Нејмар нема играно против својот ексклуб, кон кој уште чувствува љубов. Но, синоќа Неј беше повреден, па иако нема скршеница, не се знае колку долго ќе паузира и дали ќе може да настапи против неговите поранешни колеги, иако во актуелниот тим на Барселона нема преголем број на фудбалери кои играа за клубот кога Нејмар беше таму.

Со здрав Нејмар, ПСЖ има поголема шанса да ја елиминира Барса и да се реваншира за шокантната елиминација во 2017 година, кога парижаните дома победија со 4-0, а на „Камп ноу“ загубија со 1-6. На тој историски меч, еден од подобрите кај Барселона беше Нејмар, кој изнуди важен пенал и асистираше при шестиот гол. Овојпат Нејмар ќе има задача да ја порази Барселона и да го убеди Меси дека трансфер во ПСЖ и играње заедно е подобра опција за него отколку да остане во клубот во кој е цела кариера.

- Оглас -

Најнови вести