Од Зрињски мислат само на победа против Академија Пандев

Екипата на Зрињски која е противник на Академија Пандев во квалификациите за Лига на Европа, се наоѓа на подготовки во Словенија, а од клубот од Мостар најавуваат пласман во следното коло. На 11 јули, струмичани се домаќини, а потоа реваншот е во БиХ.

Миљан Говедарица кој е нов играч (игра како лево крило или како централен напаѓач) во редовите на Зрињски, порача дека целта им е да стигнат што подалеку во ЛЕ.

„Зрињски е клуб кој ќе оди на двојна круна. Се надевам и дека во Европа ќе одиме подалеку од досега. Сè осве победа над Академија Пандев ќе биде неуспех за нас“ – вели Говедарица.

„Пандевци“ се на подготовки во Банско во Бугарија, каде вчера одиграа контролен меч против Клинчени од Романија, а резултатот беше 1-1. Утре противник е Теута Драч, а в сабота ќе одиграат контрола против Витоша Бистрица.

- Оглас -

Најнови вести