Одамна не е виден вака совршен гол од слободен удар (Видео)

Во фудбалот се поретки се головите постигнати директно од слободен удар. Екипите кои се бранат во тие ситуации поставуваат и играч кој лежи на теренот, да спречи топката да помине под „живиот ѕид“, па се поретки се мајсториите на убав погодок директно од прекин.

Дека мајстори уште постојат покажа некогашниот француски репрезентативец Андре Пјер Жињак. Напаѓачот кој има 36 настапи за Галските петли од 2015 година игра во мексиканскиот Тигрес и стана клупска легенда.

Дека и на 36 години е главен адут во нападот, Жињак покажа на дуелот против Некас во осминафиналето на Апертура. Тој ги даде двата погодоци и го одведе својот тим во следната фаза.

Посебно спектакуларен беше голот постигнат во 60 минута за 1:0 кога Жињак погоди од слободен удар од 30 метри.

- Оглас -

Најнови вести