Англиските медиуми пренесуваат дека „ФСГ групацијата“ одби понуда од три милијарди фунти за да го продаде Ливерпул.
Американските сопственици Џон В. Хенри и Том Вернер сметаат дека понудата која наводно стигнала од Блискиот Исток, не е доволна за да се откажат од акциите на актуелниот англиски шампион.
Групацијата „ФСГ“ во 2010 година го презеде Ливерпул за сума од 300 милиони евра, па со оваа понуда ќе имаа огромна заработка доколку се постигнеше договор.
Под нивно раководство Црвените остварија големи успеси како освојување на шестата титула во ЛШ, но и прекин на постот од 30 години во Премиер лигата, која ја освоија минатата сезона.

