Одбиено барањето на Јувентус за отворање на „Алијанц“

Локалните власи во Торино го одбија барањето на Јувентус да ги отвори портите на „Алијанц стадионот“ за 1.000 навивачи во пресрет на стартот на сезоната во Серија А.

Калчолигашите следниот викенд им се враќаат на обврските во италијанското првенство, а по сите изгледи, ќе чекаат до 5 октомври за повторно да играат пред публика.

Актуелниот шампион се надеваше дека ќе добие одобрение да прими минимален број гледачи на својот стадион, со цел трибините да не бидат комплетно празни за премиерниот меч против Сампдорија.

Во меѓувреме италијанската Влада дозволи ограничен број публика на спортски настани, меѓутоа пред 5 октомври фудбалските фанатици не ќе можат да одат на нивното омилено место.

 

- Оглас -

Најнови вести