Одбивал да оди во продавница ако списокот за пазарење не е напишан како тимска формација

Анонимниот англиски тренер Џек Причард најде начин како за него да се пишува по спортски медиуми. Овој фудбалски фанатик направи нешто што не се гледа често: одбивал да оди во продавница ако неговата девојка Лиа списокот за потребни намирници за купување не ги напише како фудбалска формација.

„Одбивав да скокнам до продавница ако не ми го напише списокот во две различни формации. Интересен избор, а внимание ќе предизвика битката на средина на теренот“, напиша 24-годишниот Џек, кој има и Б лиценца за тренер, навива за Манчестер јунајтед, а со девојката живее заедно еден месец.

 

- Оглас -

Најнови вести