Одбојкарската репрезентација доби силен спонзор кој ќе им биде ветер во грб

Одбојкарската федерација и НБЛ банка постигнаа договор од кој најголема полза ќе имаат нашите најдобри одбојкари кои во септември ќе настапат на Европското првенство. НЛБ ќе биде спонзор на националниот тим и логото на компанијата ќе стои на предната страна на дресот на репрезентацијата.

„Кога има два победнички тима, успехот е неизбежен, од срце им посакуваме успех на одбојкарите на претстојното Европско првенство. Изминатата година беше тешка, имаше заразени играчи, одложени натпревари. Поддршката на спортот секогаш ни е од голема важност, инвестираме во македонските одбојкари. Да навиваме за нив и да им бидеме ветар во грб“, рече претседателот на Управниот одбор на НЛБ банка, Антонио Аргир.

„Работевме 12 години тивко, но тоа наше работење донесе резултати и радост кај македонската јавност. Голема благодарност до НЛБ банка, докажаа дека се општествено одговорна компанија. Ветувам дека со нивна поддршка ќе обезбедиме подобри услови и ќе им овозможиме на одбојкарите да стигнат до врвот“, рече претседателот на ОФМ, Петар Јовановски.

- Оглас -

Најнови вести