Одбојкарките на Работнички го добија петтиот решавачки меч од финалната серија, го победија домаќинот Наковски Волеј со 1-3 во сетови и се закитија со шампионската титула. Тоа е 18-та шампионска круна за тимот од Скопје.
Возбудливата серија заврши со конечна победа на гостинките од главниот град. Секој сет беше драматичен, а на крајот одбојкарките на Работнички имаа поголема концентрација и успеаја да го комплетираат мечот во четири сета, предводени од тренерот Душко Деспотовски.
Наковски Волеј го доби првиот сет со 25-16, но потоа следуваше серијата од три сета за Работнички. Во вториот сет одиграа одлично и го добија со 20-25 за израмнување на 1-1, а потоа следуваше вистинска драма затоа што во следните два сета беше 25-27 и 23-25 во корист на гостинките.
Тамара Стојанова со 20 поени беше предводник на тимот на Работнички.

