Одбојкарите одиграа нерешено на првиот тест-меч против Црна Гора

Одбојкарската репрезентација на Македонија одигра нерешено, 2-2, против селекцијата на Црна Гора во Подгорица. Иако резултатот е невообичаен, но петти сет не се одигра, па првиот контролен меч за нашите одбојкари заврши нерешено.

Селекторот Јошко Миленкоски шанса за настап им даде на сите одбојкари, комбинираше со поставата и се пробуваа тактички варијанти, па очекувани беа осцилациите во играта.

Македонија ги доби првиот и третиот сет со 25-15 и 15-14, додека на Црногорците им припаднаа вториот и четвртиот со 25-16 и 25-18.

Вториот контролен дуел на Македонија и Црна Гора ќе се одигра утре со почеток во 18 часот, повторно во СЦ „Верде“ во Подгорица.

- Оглас -

Најнови вести