Блокерот на женската одбојкарска репрезентација на Доминиканската република, 32-годишната Лисвел Еве Мехија, била позитивна на допинг тест, и отстранета е од тимот, а може да добие и четиригодишна суспензија.
Таа беше позитивна на допинг тест за време на Лигата на нации во 2024 година, а резултатите станаа познати пред почетокот на олимпискиот одбојкарски турнир. Лисвел беше со тимот во Париз, објавуваше фотографии, но не можеше да игра и веќе не е дел од селекцијата.
Докторот на доминиканскиот тим, Виктор Фигуероа, изјави дека според Олимпискиот комитет, дека забранетата супстанција фуросемид во телот на „Кинескињата“ како што е прекарот на Лисвел, доаѓа од диуретик. Одбојкарката призна дека го внесувала лекот без да провери што точно содржи, а го земала за полесно мокрење.