Одбојкарски потег на денот: Лудиот француски селектор се фрлаше по топката (Видео)

Франција и Аргентина ќе играат меѓу себе во изненадувачко полуфинале на машкиот одбојкарски турнир на ЛОИ во Токио. Откако Аргентинците приредија сензација против Италија, Франција ја порази Полска исто така со 3-2 и обезбеди прво полуфинале.

За Французите и четвртфиналето беше најголем успех досега на ЛОИ, а имаат реална шанса да бидат и финалисти. Селектор на Триколорите е Лоран Тили, кој во еден момент покажа дека е поранешен одбојкар. По една загубена топка на неговите пулени, Тили се фрли по топката, мотивирајќи ги играчите дека треба да се борат за секоја топка.

Погледнете го потегот на францускиот селектор за кој многу се зборува:

- Оглас -

Најнови вести