Одбрана на сезоната во женската ЛШ (Видео)

На денешниот натпревар од женската Лига на шампиони во ракомет помеѓу екипите на Ростов и Будуќност, голманката на црногорскиот тим, Бразилката Дарли, имаше одбрана која веројатно е најдобра во оваа сезона. Таа го одбрани шутот на противничката ракометарка, иако беше свртена со грб.

На оваа чудесна, можеби и среќна одбрана, ѝ претходеше обид на рускиот тим да го погоди празниот гол, но топката удри во двете стативи и се одби во поле.

Ростов го совлада Будуќност со 24:22, но главениот потег на средбата го имаше Дарли Зокби де Паула. Погледнете ја целата ситуација и одбраната на Бразилката:

https://twitter.com/i/status/1091701729643692032

- Оглас -

Најнови вести