Одбраната им е бетон со македонски шарм – Телави постави рекорд во Грузија

Владимир Димитровски е одлична инвестиција за грузискиот Телави и со него одбраната на тимот е цврста и речиси непробојна, во просек со по еден примен гол на меч, а денеска со ремито 1:1 против Сабуртало постави и рекорд.

Стартот на Телави е интересен со 10 нерешени дуели од 14, колку што вкупно одиграа во актуелното првенство на Грузија, и тоа е рекорд. Ниту една екипа претходно немала толку нерешени дуели во првите 15 кола во грузиско првенство.

Димитровски е стандарден во одбраната на тимот што моментно е на шестата позиција во конкуренција на 10 екипи. Имаат и по две победи и два порази и рекордни 10 ремија.

Стоперот од Македонија е поранешен капитен на младинската селекција на нашата земја за играчи до 21 година, а има настапувано и за сениорската репрезентација.

Тој е единствениот наш играч што настапува во Грузија, селекција која на 12 ноември ќе ни биде противник во големото финале во Сегментот Д во Лигата на нациите за пласман на ЕП идната година.

- Оглас -

Најнови вести