Одбраната на Реал Мадрид на тест кај Исак, Швеѓанецот даде 9 гола од последните 12 шута

Швеѓанецот Александер Исак на последните шест настапи во шпанската лига редовно дава голови, во минатото коло направи и хет-трик, во животна форма е и тој ќе биде главната опасност за Реал Мадрид на вечерашниот натпревар во Ла Лига. Исак е во страшна форма, но исто така и одбраната на Реал со Начо, Варан и Менди, плус Лукас Васкес како привремено решение на десен бек е во форма, па вечер ќе биде голем тест за двете страни.

Реал Мадрид има серија од четири меча без примен гол, а Исак роден 1999 година, даде дури девет гола од последните 12 шута кон противничките голмани. Исак знае како е да се даваат голови против Реал, на последното гостување во Мадрид во купот на Шпанија Исак беше двоен стрелец.

На мадриѓаните им се враќаат Марсело, Одриозола, Валверде и Родриго, па на клупата за резерви нема да бидат само младинци како на претходните мечеви. На листата на повредени и натаму се важни играчи како Рамос, Карвахал, Милитао, Азар и Бензема.

- Оглас -

Најнови вести