Одбраните на Томовски го фрустрираат Монпелје, на Вардар добро му оди во првото полувреме

Вардар 1961 води по првото полувреме на гостувањето кај Монпелје со 14-10 и има добри шанси да приреди изненадување во ракометната Лига на шампиони и да ја продолжи традицијата на победи или нерешени игри во салата во Монпелје, во која никогаш не загубил.

По водството на Монпелје од 6-5, Вардар направи серија од 7-2 и поведе со 12-8 во 22-рата минута и тоа беше клучно за водството на пауза.

Голманот Мартин Томовски е најзаслужен за водството на Вардарци, има осум одбрани од 18 шута кон неговиот гол. Дибиров, Георгиевски и браќата Њокас имаат по два гола во одлично распоредениот напад на Вардар.

- Оглас -

Најнови вести