Одбраните во втор план, ќе биде ефикасно и на Ел Класико

Барселона – Реал Мадрид (фудбал, Шпанија, 20.00 часот)

Двата тима во претходното коло одиграа нерешено, па со еднаков број бодови влегуваат во суперпресметката. Играњето на домашен терен е предност за Барселона, Каталонците на свој терен се многу опасни и ефикасни, а ако се следи традицијата, тука најсигурно е да се типува дека двата тима ќе дадат гол. Кај Барса повреден е само Дембеле, а кај Реал од поважните играчи ќе ги нема Азар и Марсело. Реал одамна не победил на лигашки меч на „Камп ноу“, но мотивацијата нема да изостане ниту кај нив, ниту кај Меси, кој против мадриѓаните има низа од четири меча без гол.

Предлог тип: ГГ & 3+ (1.75)

 

Сампдорија – Јувентус (фудбал, Италија, 18.55 часот)

Сампдорија по победата над Џенова, излезе од зоната на испаѓање, а Јуве викендов го стигна лидерот Интер. Последниот меѓусебен дуел на овие два тима во Џенова заврши со изненадувачки 2-0 за Самп, а и претходниот пат Јуве кога гостуваше кај Сампдорија, загуби. Од 2011 година наваму немало нерешен исход во пресметките на овие екипи кога играле меѓу себе во Џенова и честопати знаело да биде со три или повеќе голови.

Предлог тип: 2 & 2-4 (2.22)

 

Баер Леверкузен – Херта (фудбал, Германија, 18.30 часот)

На Аспирините им треба лечење на раните по неочекуваниот пораз од Келн, кога им запре победничката низа која ја имаа против Баерн и Шалке. Од друга страна, Херта првпат победи со Клинсман на клупата, но и понатаму е само на три бода над зоната на испаѓање. Баер ги доби претходните две одмерувања на силите и тоа беа мечеви со четири или повеќе голови. На седум од последните осум дуели било со голови на двете страни и барем три гола.

Предлог тип: 1Х & 3+ (1.78)

 

Фрајбург – Баерн Минхен (фудбал, Германија, 20.30 часот)

Фрајбург и Баерн се соседи на табелата, двата тима имаат по една победа и два порази во последните три кола. Баерн треба да биде претпазлив пред ова непријатно гостување, особено што последните два меѓусебни дуели им завршија со идентични 1-1. Фрајбург во 2015 година последен пат го совлада баварскиот гигант, па и овојпат тешко дека ќе ја прекине серијата, но можеби ќе даде гол.

Предлог тип: ГГ (1.66)

 

Ле Ман – ПСЖ (фудбал, Франција Лига куп, 21.05 часот)

Пред најслабиот тим во втората лига е невозможна мисија. ПСЖ меле во Лига 1, а и во Лигата на шампионите беше убедлив во својата група. Тука победникот не би требало да биде доведен во прашање и треба да се размисли со колку гола разлика ќе биде изразена победата и со каков состав ќе настапат Светците. Веројатно шанса ќе добијат многу од резервите на ПСЖ, но и тие се пресилни за Ле Ман. Од 2004 до последниот пат во 2010 година сите гостувања на ПСЖ кај Ле Ман беа со 0-2 гола.

Предлог тип: 4 + (1.58)

 

Квоти на денот во обложувалниците Sport Life се:

Сампдорија – Јувентус 2 & 3-5 (2.90)

Сампдорија – Јувентус 2 сигурна (2.38)

Барселона – Реал Мадрид Т2 2-4 (2.80)

- Оглас -

Најнови вести