Одбројувањето започнува, само уште три кола до крајот на сезоната на Спортска прогноза

Три кола остануваат до крајот на сезоната на Спортска прогноза, а за претстојниот викенд во 32-рото коло од вкупно 34, колку што ќе има сезонава, ќе имате предизвик да погодите Среќна 13-ка од најатрактивните шампионати во Европа. Борбата за Генералниот пласман влегува во завршница, секој погодок може да биде многу значаен, а секако тука се и стандарните неделни награди кои се доделуваат доколку има прогнозери со погодени 13, 12 или 11 парови од основната понуда.

За новото коло може да почнете да прогнозирате уште денеска на страницата на Sport Life, а прв пар е Селта – Бетис, меч кој се игра в сабота со почеток во 17 часот. Од саботната понуда ќе треба да ги погодите исходите и на дуелите Вулверхемптон – Арсенал, Баер Леверкузен – Баерн Минхен (ова е финале на Купот и треба да се погоди исходот од регуларните 90 минути), Лацио – Милан и Гранада – Валенсија.

Од дуелите кои се играат во недела ги имаме Барнли – Шефилд јунајтед, Њукасл – Вест хем, Еспањол – Леганес, Парма – Фиорентина, Удинезе – Џенова (битка на тимот на Несторовски против екипата на Пандев) и Наполи – Рома.

Два меча остануваат за понеделник, и тоа Тотенхем – Евертон и Леванте – Реал Сосиедад. Резервни парови се Валјадолид – Алавес и Бреша – Верона.

Во претходното коло играчите на Спортска прогноза не можеа да се пофалат со добиена награда, тројца беа на чекор од ваучер од 500 денари. Затоа сега е нова шанса за сите играчи. Како што знаете, со 13 погодени следува мобилен телефон IPhone XS. Со еден утнат пар, односно за 12 погодени дуели, подарокот е вредносен ваучер од 1.000 денари од Sport Life, додека за 11 погодени, вредносниот ваучер е 500 денари. Оваа игра е бесплатна, па едноставно нема што да загубите, но може позитивно да бидете изненадени.

Не го пропуштајте ова коло затоа што бодовите од секое коло се пресметуваат во Генералниот пласман. За најдобриот во Генералниот пласман на крајот од сезоната ќе следува ТВ смарт од 48 инчи, а ќе има убави подароци и за пласираните од второто до петтото место на крајот на сезоната. Засега лидер во Генералниот пласман е Христијан Т. со 214 поени, пред Николче Д. и Пеце Т. кои имаат по 198.

Во последните три кола можни се големи промени на табелата, затоа не чекајте, типувајте и станете потенцијален добитник на вредни награди.

- Оглас -

Најнови вести