Обложувач во Кичево остана без 4.000 евра во петокот играјќи патриотски на Македонија.
Тој во објект на Sport Life во Кичево уплатил тикет за 25 денари на којшто имаше шест натпревари, пет ги погодил, но поразот на Македонија од Украина го чинеше нето-добивка од 245.394 денари.
Тој половично ја погодил играта, одиграл дека Македонија ќе слави против Украина во натпревар на кој ќе бидат постигнати најмалку пет гола, а квотата на оваа игра му беше најголема на тикетот и изнесуваше 31. Македонија загуби со 2:3 и го остави кичевецот без 4.000 евра нето-добивка.
Останатите пет натпревари беа погодени, триумфите на Турција и Србија (3:2) со услов да има најмалку пет гола, победата на Шведска и да има најмалку четири гола (4:1), дека ќе има најмалку пет гола на дуелот од третата норвешка лига меѓу вторите екипи на Розенборг и Мосјоен (2:3), како и дека ќе има најмалку три гола на дуелот Андора – Швајцарија (1:2).