Одличен гест на Холанѓаните, на секое четврто столче на трибините по едно македонско знаме (Фото)

Црвено-жолтите бои на Македонија ќе ги разубавуваат трибините на „Јохан Кројф“ арената во Амстердам на утрешниот меч против Холандија во третото коло на Еуро 2020. Нашите фанови кои ќе бидат на трибините, секако ќе носат обележја во црвена и жолта боја, но за секој случај, домаќините се погрижија за македонските навивачи да се чувствуваат пријатно.

На секое четврто столче на трибината на која ќе биде македонските фанови, ставено е по едно македонско знаме, и атмосферата утре од 18 часот ќе биде фантастична.

На другите трибини има холандски знамиња, како и портокалови, на кои ги пишува имињата на двете држави.

- Оглас -

Најнови вести