Одлична квота за изненадување: Вардар не е без шанси против шампионот (Фото)

Пет натпревари од 26-тото коло на Првата македонска фудбалска лига ќе се одиграат денес со почеток во 15 часот. Најинтересно се очекува да биде во скопската населба Маџари, каде Вардар го пречекува актуелниот шампион на Македонија и лидер на табелата, Струга. „Вардарци“ водат голема битка за опстанок, па секој бод е добредојден, но попладнево Струга е фаворит според квотите во Sport Life.

Победата на Струга има квота од 1.65, додека изненадувањето на Вардар има квота од 4.55. Секако, во игра е и нерешениот резултат, а за такво нешто квотата е 3.35.

Интересно се очекува да биде и крај Охридсото езеро, каде дебитантот во лигата, Воска, го пречекува поранешниот шампион Работнички во борбата за опстано. Во Ѓорче Петров, дуел на два поранешни шампиони, Македонија ЃП и Шкендија, но овој пат екипите имаат различни амбиции. Домашните во борба за опстанок, а гостите во обид да фатат приклучок во борбата за Европа, а зошто да не и за титулата.

На останатите натпревари, Тиквеш на домашен терен ја пречекува екипата на Брера, а во Штип, Брегалница ќе му биде домаќин на Шкупи.

- Оглас -

Најнови вести