Одлична квота за Надал да загуби, Црна Гора треба да го добие ракометното дерби

Разновидна со спортови е денешната Супер тип понуда во Sport Life. Неколку возбудливи тениски дуели се на програмата, а интересно ќе биде да видиме дали Феликс Оже-Алијасим ќе успее да го победи Рафаел Надал. Двајцата загубија во првото коло од завршниот турнир, што значи дека ова им е последна шанса да останат во борба за едно од првите две места во групата.

Оже-Алијасим го победи Надал на турнирот во јуни во Велика Британија, и тоа со 2:1 во сетови, но Шпанецот ги доби претходните два нивни меча, и тоа со 3:2 и 2:0 во сетови. Сега, за победа на канадскиот тенисер, квотата е 1.75.

На женското ракометно Европско првенство, дербито ќе биде меѓу Романија и Црна Гора. Мечот се игра во „Борис Трајковски“ во Скопје, а Црна Гора ќе има и поголема поддршка од трибините. На последните неколку дуели на овие две селекции, најчесто било неизвесно околу победникот.

- Оглас -

Најнови вести