Одлична најава на Ливерпул – Со „шестка“ го почастија нисколигашот Транмере

Иако добар дел од ѕвездите на Ливерпул се на заслужен одмор, некои учествуваа на Копа Америка, додека Мо Салах се обидува да ја преболи елиминацијата на Афкон со својот Египет, останатите играчи кои се достапни за менаџерот Јирген Клоп одлично ги стартуваа претсезонските подготовки.

Измешаниот тим на Ливерпул со резерви и млади играчи, како и оние кои се во втор план, убедливо го надиграа англискиот нисколигаш Транмере со 6-0. Џокерот Ориги ја носеше капитенската лента и се запиша во листата на стрелците во второто полувреме, исто како и Џоунс и Глатцел, додека Црвените уште во првите 45 минути имаа удобни 3-0 преку Брустер и Клајн.

Избраниците на Клоп во следниот период ги очекуваат средби против Брентфорд, Б. Дортмунд, Севилја, Спортинг Лисабон, Наполи и Лион, додека на 4 август ќе играат против Манчестер сити во Комјунити шилд, а 10 дена подоцна ги очекува пресметката против Челзи во европскиот Суперкуп.

https://www.youtube.com/watch?v=SgU0mSkjn0g

- Оглас -

Најнови вести