Одлична вест за Kаталонците, им се враќа голманот кој на последниот настап прими 8 гола

Германскиот голман Марк-Андре тер Штеген се најде на листата за настап на вечерашниот дуел од Лигата на шампионите помеѓу Барселона и Динамо Киев. Одигрувањето на овој меч беше под прашалник бидејќи Украинците имаат многу заразени играчи.

Тер Штеген е прв голман на Барса и неговото враќање меѓу стативите е добра вест за Kаталонците. Тој беше повреден и имаше операција на коленото, а нема брането цели 82 дена, уште од катастрофата од 2-8 во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Иако има право на настап, 28-годишниот Тер Штеген веројатно вечерва ќе биде на клупа, а ќе брани Нето.

- Оглас -

Најнови вести