Одлични коефициенти за Струга и Шкупи да победат на гости

Четири меча се играат денеска од 15 часот во Прва фудбалска лига на Македонија и сите ги има во понудата на Sport Life. Борбата за титулата продолжува меѓу Струга Трим Лум и Шкупи, но секако од позадина својата шанса ја чека и Шкендија.

Струга гостува на Работнички во Скопје, а лидерот има право да биде оптимист, посебно ако се видат последните меѓусебни дуели на овие два клуба. Работнички нема победа на последните 11 средби со Струга, а тимот кој доаѓа од градот покрај охридското езеро во овој период се радувал пет пати, а шест дуели завршиле нерешено.

И Шкупи ќе игра на туѓ терен и тоа во Струмица кај Академија Пандев. И тука традицијата е на страна на гостите, па Шкупи има пет победи во последните шест средби, но не треба да се заборави дека пред само две недели, струмичани одиграа 3:3 со актуелниот првак.

Од сите денешни мечеви, најголем фаворит е Силекс кој ќе гостува кај Победа, а единствено блага фаворитска улога како домаќин има Тиквеш во дуелот со Македонија Ѓорче Петров.

 

- Оглас -

Најнови вести