Одлични вести пред решавачкиот меч за ЕП: Димитријевиќ е во составот!

Машката сениорска репрезентација на Македонија ќе тргне во решавачката битка за пласман на Европското првенство со истата група на играчи кои стигнаа до првата победа во овој квалификациски циклус.

Селекторот Александар Тодоров одлучи дека тимот кој победува, не треба да се менува, па денеска во 15 часот во арената „Молот“ во Перм ќе истрчаат истите 12-мина кошаркари кои вчера ја совлада Италија (87:78).

Дамјан Робев, Лука Савичевиќ, Бојан Крстевски, Дамјан Стојановски, Кристијан Николов, Андреј Магдевски, Бојан Трајковски, Теодор Симиќ, Џејкоб Вајли, Војдан Стојановски, Ненад Димитријевиќ и Стојан Ѓуроски.

- Оглас -

Најнови вести