Одлични вести за Барселона и Реал Мадрид

Реал Мадрид ќе може да смета на својот капитен Серхио Рамос на утрешното мега-дерби против Барселона, и тоа е голем плус за Реал кој без Рамос, е многу ранлив во одбраната и најчесто ги губи натпреварите кога искусниот фудбалер не е на терен.

Рамос не играше против Шахтар во средата, но денеска тренираше нормално и ќе може да настапи утре од 16 часот на „Камп Ноу“. Присуството на Рамос е многу важно за Реал на кој не му цутат розите последнава недела и ќе треба да се вади на најтешкото можно гостување во шпанската лига. Кралскиот клуб нема да биде комплетен, во аут се Карвахал, Одриозола, Одегард и Азар, и затоа евентуалното отсуство и на Рамос ќе беше сериозен хендикеп.

Добра вест стигна и за Барселона пред утрешното „Ел Класико“. Целосно закрепна левиот бек Жорди Алба, и тој е ставен на листата на кандидати за настап. Единствен првотимец кој нема да може да се појави е голманот Марк Андре Тер Штеген, но тоа не е малку во споредба со проблемите кои ги имаат во Реал.

- Оглас -

Најнови вести