Одлични вести за Денвер: Се враќа играчот кој може да го сопре Мичел

Борбата во плејофот во НБА продолжи а ноќеска има еден многу интересен дуел. Денивер игра против Јута во меч кој мора да го добијат Нагетси. Џезерите имаат водство од 3:2 во победи, што значи дека се само на една победа од пласманот во второто коло од плејофот.

Одлични вести за Денвер е што на неколку часа пред мечот стана јасно дека вечерва подготвен за битка ќе биде Гери Херис. Тоа е играч кои сезонава игра одлично во двата смера. Херис е посебно добар во одбраната, каде главна задача треба да му биде да го сопре првата ѕвездат на Јута, Дониван Мичел.

Од рестартот на сезоната Херис не одигра ниту еден меч поради повреда, но ова може да биде вистински момент за екипата на Денвер. Дуелот се игра ноќва со почеток во 2:30 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести