Одлични вести за Ѓоковиќ – Американците нема веќе каде да се кријат од големиот тениски ас

Новак Ѓоковиќ има сè поголеми и пореални шанси да игра во Њујорк, на Отвореното првенство на САД од 28 август до 10 септември, откако американската администрација најави дека ќе биде тргната забраната за влез во земјата за невакцинираните.

Тоа, според најавите, би требало да се случи на 11 мај, а одлуката ќе биде дека веќе не важи строгиот режим за ковид-19 и влез во САД само со потврда за извршена вакцинација.

Тоа би значело дека нема пречки за 22-кратниот гренслем-шампион да игра на комплексот терени во Флешинг Медоуз во Њујорк.

Од тие 22 пехари, Новак освои три во Њујорк, а таму победи во 2011, 2015 и 2018 година.

Во 2020 година во бизарен инцидент ја погоди линиската судијка во грло и беше дисквалификуван, а лани поради тоа што не е вакциниран против ковид-19, не настапи на турнирот.

- Оглас -

Најнови вести