Одлично им оди на напаѓачите пред баражот со Италија – По Чурлинов, и Доријан Бабунски се најде во идеалниот тим на колото (Фото)

Доријан Бабунски со два гола му донесе победа на Дебрецин против Пушкаш Академија, и тоа на гостински терен во унгарското првенство и заслужено има место во идеалниот тим на 21-вото коло.

Доријан погоди во 17-тата и 70-тата минута и сам го урна второпласираниот тим и кандидат за титулата во Унгарија.

Претходно и Дарко Чурлинов си најде место во идеалниот тим на 23-тото коло во Втората германска лига, откако беше стрелец на вториот гол во победата на Шалке 04 од 2:0 против Падерборн.

https://twitter.com/s04_en/status/1495738717662846977?s=20&t=xQmOrHdUGArH3B-xi3AA2Q

- Оглас -

Најнови вести