Одлично за Македонија – Елмас ќе игра против Летонците

Елиф Елмас не е сериозно повреден и ќе игра утре против Летонија, во квалификациски меч за настап на Европското првенство следната година.

Македонскиот фудбалски дијамант се повреди на тренинг, во еден дуел со голманот Дејан Илиев настрада скочниот зглоб, па мораше веднаш во болница на прегледи.

Резултатите од ренген снимките се добри и како што објавија од ФФМ Елмас ќе биде подготвен за настап, утре на „Даугава“ стадионот во Рига од 20.45 часот.

- Оглас -

Најнови вести