Одлично за Македонија и Наполи – Елмас има негативен тест на Ковид-19

Елиф Елмас конечно може да игра и има тест што е негативен на Ковид-19. И тој и Пјотр Зјелински на повтореното тестирање по карантинот што го минаа имаат негативни тестови што е одлична вест за Џенаро Гатузо и за Наполи.

Секако и за македонската репрезентација пред историскиот меч со Грузија на 12. ноември во Тбилиси што ќе одлучува за настап на Европското првенство.

Елиф не играше за Македонија во полуфиналето од баражот во Д сегментот против Косово, а беше отсутен и на дуелот со Грузија во новото издание од Лигата на Нации во меч од Ц сегментот.

Не играше и за Наполи, откако беше позитивен на тест за корона-вирус и мина 14 дена во карантин, но сега може да се врати на терен и да игра.

 

- Оглас -

Најнови вести