Одложен дуелот Фленсбург – Вардар!

Додека ракометарите на Вардар се подготвуваа за дуелот против Фленсбург, стигна потврда дека мечот од ракометната Лига на шампиони е одложен. Средбата требаше да се игра на 11 февруари во 18:45 часот во Германија, но поради строгите протоколи на германските власти, мечот сепак нема да се игра, а македонскиот првак нема да патува на ова гостување во предвидениот термин.

„Ако до последен момент имаше навестувања дека германските власти ќе дозволат одигрување на натпреварот Фленсбург – Вардар, тој е ОДЛОЖЕН. Причината за одложувањето е последното гостување на Вардар 1961 во Португалија. Бидејќи Португалија е во ’црвена зона’ германските власти бараат тимот на Вардар 1961 да биде во карантин доколку пристигне во Германија и сакаат да го играат натпреварот. Планирано беше натпреварот со Фленсбург да се одигра на 11 февруари во 18:45 часот во Германија. За одигрување на тој меч ќе се бара друг термин и координација со двете екипи. Со почит,“, стои во информацијата од РК Вардар.

- Оглас -

Најнови вести