Одложен следниот меч на Саутхемптон

Мечот од третото коло во ФА Купот на Англија меѓу Саутхемптон и Шревсбери е одложен поради зголемен број на заразени фудбалери во тимот на англискиот третолигаш.

Дуелот беше закажан за в сабота на „Сент Мери“, но од Шревсбери упатија официјално барање до Федерацијата за одложување поради многуте заразени играчи. Сите во таборот на англискиот третолигаш во моментов се во карантин, а што требаше да се игра викендов, ќе добие дополнителен термин кога ќе се игра.

Саутхемптон пред само три дена на свој терен со 1:0 го победи Ливерпул во меч од првенсвото и потврди дека тимот е во одлична форма.

- Оглас -

Најнови вести