Одложен стартот на сезоната во кошаркарското првенство!

Имајќи ја предвид целокупната епидемиолошка ситуација во земјата и фактот дека бројот на новозаболени секојдневно се зголемува, раководството на Кошаркарската федерација на Македонија донесе одлука за одложување на почетокот на натпреварувачката сезона 2020/21.

Првата лига требаше да почне викендов, на 10 и 11 октомври, но тоа нема да се случи. Првото коло го носеше и големото скопско дерби помеѓу Работнички и МЗТ Скопје Аеродром, кои се и македонски претставници во АБА 2 лигата.

„Во очекување на комплетните резултати од PCR тестирањето за корона-вирусот кое го спроведуваме, а со кое беа опфатени сите клубови од Првата лига-мажи, како и официјалните лица, а поради неможноста да се предвиди временската рамка во однос на евентуалниот почеток на првенството, во овој момент не може да се гарантира дека започнувањето на националниот шампионат би имал регуларен тек. Во наредниот период, Федерацијата ќе ја следи состојбата во нашата држава од здравствен аспект. Во консултации со Комисијата за заразни болести и Институтот за јавно здравје ќе биде донесена одлука за почетокот на натпреварите од Првата лига-мажи“, стои во соошштението на КФСМ.

- Оглас -

Најнови вести