Одложена уште една трка во Формула 1

Сезоната во Формула 1 требаше да почне пред осум дена во Мелбурн, меѓутоа и овој спорт не го избегна хаосот со Коронавирусот. ФИА денес потврди дека се одложи и Големата награда на Азербејџан која е закажана на 7 јуни, трката во Бакуе, осма според планираниот распоред.

По одложувањето на стартот на новата сезона, се донесоа одлуки и за следните пет трки да се бара нов датум, а како што е веќе познато, Гран прито во Монако го отстапи местото од сезонскиот календар и воопшто нема да се одржи. Како ќе изгледа сезоната 2020 во Формула 1, зависи од тоа како ќе се одвиваат понатамошните настани со опасниот вирус Ковид-19.

- Оглас -

Најнови вести