Барселона мораше да ги одложи претседателските избори и наместо на 24 јануари, датум за нов претседател дополнително ќе се одреди во наредниот период.
Моменталната епидемиолошка ситуацијата и ресктрикциите во Шпанија не овозможија изборите да се одвиваат прописно и без пречки, по што одборот на директори ќе одржи нов состанок на кој ќе крои нов план како да се одржат изборите.
Една од опциите е гласањето да оди преку пошта, со цел да се избегне масовен собир пред просториите на клубот.

