Одложени уште три натпревари во Евролигата

Во петтото коло од Евролигата нема да се одиграат три натпревари поради активни случаи на корона-вирусот во редовите на неколку екипи.

Зенит и трет меч во низа не може да настапи поради тоа што нема доволно играчи во ростерот, па побара од управата на Евролигата да се одложи дуелот против Армани Милано. Претходно рускиот тим загуби два меча со службени 20:0, поради што не отпатува за Шпанија да ги одигра дуелите против Валенсија и Басконија.

Алба Берлин утре требаше да го пречека тимот на Басконија, но домаќините исто така поднесоа барање за мечот да се одложи, додека иста судбина дочека средбата меѓу Анадолу ефес и Асвел, поради активни случаи на ковид-19 во францускиот состав.

Досега сите екипи кои не беа во можност да играат според распоредот на Евролигата, ги губеа натпреварите со службени 20:0, но откако проблемите со корона-вирусот зачестија, раководството на шампионатот одлучи да се откажуваат средбите без доделување службени победи.

- Оглас -

Најнови вести