Еден гол беше доволен за Барселона да ги освои трите бода во дуелот со Селта Виго, во шпанското првенство. Ламин Јамал е херојот на каталонскиот гигант постигнувајќи го победничкиот погодок пред крајот на првото полувреме.
Јамал имаше продор во противничкиот шеснаесетник, кога беше фаулиран и беше покажано на белата точка. Тинејџерот реши да го изведе пеналот и погоди, но при изведувањето на тој шут, го повреди бутниот мускул на ногата. Погодокот на Јамал може да го видите ТУКА.
Веднаш потоа Јамал мораше да го напушти теренот, а паузата на мечот траеше дури 20 минути, но тоа беше откако на еден 60-годишен навивач му се слоши на трибините. По интервенција на лекарите, навивачот бил пренесен во болница.
Во второто полувреме Барселона имаше контрола на играта, но домашниот тим до последниот момент стравуваше за победата. На крајот, лидерот на табелата сепак ги освои планираните три бода и на задржа комотната предност во однос на најголемиот ривал Реал Мадрид.
На шест кола до крајот, Барселона има 82 бодови, а Реал е втор со 73 бодови.

