Одложено отворањето на обложувалниците, рестораните и трговските центри

Министерството за здравство информираше дека Комисијата за заразни болести одржала состанок на кој е разгледана можноста за олеснување на досегашните мерки за превенција и заштита од ширење на коронавирусот, но била донесена одлука да биде испратена препорака до Владата сите досега донесени мерки да останат на сила.

Ова значи дека нема ништо од отворањето на обложувалниците, трговските центри, кафеаните, и останатите објекти кои не функционираат во изминатиот период на вонредна состојба.

„Трендот на нови случаи со ковид-19 во следните два дена ќе биде разгледуван на состанокот на Комисијата за заразни болести во понеделник, по што ќе бидат дадени нови препораки до Владата за понатамошно постапување во однос на мерките. Апелираме до граѓаните доследно да се придржуваат до мерките, да ја почитуваат забраната за групи поголеми од две лица, да се држи дистанца од најмалку 2 метра и задолжително да се носи заштитна опрема за лице во случај кога просторот помеѓу граѓаните е помал од пропишаното“, наведено е во соопштението на Министерството за здравство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести